Posts

ОУРЦ „ Св.Климент Охридски“ Ново Село

  Посебното основно училиште „Св,Климент Охридски“ Ново Село, прерасна во Основно училиште со ресурсен центар „Св.Климент Охридски“ Ново Село.  ОУРЦ „ Св.Климент Охридски“ Ново Село на својот реон соработува со 32 основни училишта од 18  општини во РС Македонија. Дејноста на ОУРЦ „Св.Климент Охридски“ Ново Село е од круцијално значење за создавање на оптимални услови за квалитетно образование на сите деца вклучени во образовниот систем во училиштата и е насочена кон поддршка на сите чинители кои се вклучени во образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби.  Процесот на трансформација на посебното основно училиште во основно училиште со ресурсен центар за поддршка на инклузивното образование, вклучува и развивање на специјализирани услуги во училиштето кои обезбедуваат континуирана поддршка на развојот на учениците со посебни потреби, со цел зајакнување на нивниот капацитет и обезбедување на еднакви можности за вклучување во заедницата.

Обуката за PECS

Image
Со големо задоволство споделуваме значаен момент од нашата посветеност за поддршката на децата со попреченост во Македонија! Во изминатите две недели, 40 стручни лица од 5 ресурсни центри заедно со нашиот, учествуваа на онлајн обука за PECS (Систем за комуникација со размена на слики). Финансирана од GOPA PACE ( www.gopa-pace.com ), обуката за PECS ги опреми нашите вработени со основни знаења и вештини како да направат вистинска разлика во животите на децата за кои се грижиме. Нашата мисија е да го направиме образованието инклузивно и достапно за сите, и ова е само почеток.